Сара Мејс сними провокативен спот

Поп-пејачката Сара Мејс сними спот за песната „Небо“. Видеото е снимено во Македонскиот народен театар во режија и организација на Александар Ристовски – Принц и кореографија на Јана Петровска.

„Музиката е искра на мојот емоционален и интелектуален развој. Таа секојдневно ме поттикнува да размислувам динамично и да ја развивам мојата креативност. Во неа има безброј можности, безброј комбинации на стихови, звуци, ноти и стилови. Постои цел свет на музика кој само чека да биде испишан и креиран. Оваа моќ што ми ја дава музиката е всушност тоа што енергетски ме надополнува и ме мотивира да создавам“, вели Мејс.

Музиката на „Небо“ е на Сара Мејс, Иван Петровски и Неврус Бајрам, текстот е на Сара, аранжманот на Иван и Неврус, а миксот и мастерот се на Горан Гешовски.

Scroll to Top