Хелена Роза, жената што секогаш била поврзувана со скандали, контроверзии и била цел на чаршиски муабети, денеска е непрепознатлива.
Пред неколку години таа се пресели на Нов Зеланд, а неодамна го роди синчето Тијан, нејзиното второ дете. Хелена на Денот на татковците објави неколку фотографии од малиот Тијан и од нејзиниот партнер Игор Ѓоргиевски и напиша:
„Ти си мојата сродна душа, омилениот татко на Кјара и совршен татко на нашиот мал Тијан. Уживај во првиот официјален Ден на татковците“.