Фотографијата направена далечната 2005 година покажува дека мејк-ап артистот Александар Дадар и пред 12 години бил привлечно момче. Разлика има во фризурата – некогаш имал долга брановидна коса, а денес ја носи кусо потшишана. И има неколку килограми повеќе, ама како што се пошегува неодамна на социјалните мрежи, кога објави фотографија од плажа „Извинете, сум си ги заборавил дома стомачните“.
Со стомачни или без, Дадар изгледа одлично. Исто и како во своите рани 20-ти години.