Крис Дан од телевизијата во Алабама, доживеа голема непријатност додека ја читаше најавата за температурата за време на викендот. Во еден момент тој направи пауза меѓу градовите и се случи „критичниот“ момент.
Тој буквално се помести наназад, благо ги свитка нозете, а потоа следеше звук во налик на оној при испуштањето на гас. Инаку, тој звук следеше откако на луѓето им беше најавен „тивок и мирен викенд“.
Потоа, тој продолжи да го чита својот извештај на публиката.
Снимката од овој инцидент е прегледана повеќе од 600.000 пати и покрена расправа на интернет дали ова е случајност или водителот намерно го направил тоа што го направил, судејќи според деталите на снимката.
Некои се дури и убедени дека „нанишанил надвор од кадарот, баш заради тоа што бил сигурен дека камерата не може да го фати неговиот гас“.
#Irma becomes only the fifth
Atlantic basin hurricane with a peak wind speed of 160 kts (185 mph) or higher! #Hurricane pic.twitter.com/AdASYKCKnc— Chris Dunn (@ArizonaWeather) 5 September 2017
Погледнете го видеото и самите пресудете дали е во прашање „испад“ или „планиран трик“.