Нора Шакири се вработи во Министерството за култура. Ова е муабетот што неколку дена се врти во медиумите и на социјалните мрежи, односно дека некогашната водителка влегла во тимот на министерот Роберт Алаѓозовски.
Нора Шакири сѐ уште официјално не ја потврдува веста за своето ново работно место. На прашењето дали е навистина таму, ни рече дека засега ништо не е официјално.
„Јас не можам да коментирам за нешто што сѐ уште не е официјално утврдено. Работата не е средена до крај и не сакам да зборувам многу на оваа тема, а за сето тоа што се пишува на социјалните мрежи на граѓаните можам да им порачам да го земат со голема резерва“, изјави Нора Шакири за „Репортер“.
Љ.В.