„На терапија“ ме натера да плачам цел ден

Младата актерка Ангела Димитрова ја игра улогата на комплексната тинејџерка и пливачка Ивана во новата домашна серија „На терапија“. Снимањето на оваа серија е прво нејзино искуство пред камерите. За својот лик во серијата вели дека е лесно избувлив.

Од снимањето на серијата

Актерката Ангела смета дека со серијата „На терапија“ домашната публика, конечно, ќе добие квалитетна серија која ќе ги поттикне луѓето да размислуваат малку подлабоко.

Таа вели и дека целото снимање било предизвик, особено епизодата во која морала да плаче непрекинато. „Беше доста тешко да се остане во таа состојба целиот ден. Мислам дека никогаш нема да го заборавам тој ден“, изјавила актерката.

Scroll to Top