Пејачот Игор Митровиќ веќе извесно време е оддалечен од музиката, но со добра причина – им се посвети на студиите. По дипломирањето и времето поминато во Танзанија, тој вчера (12 септември) го одбрани и магистерскиот труд на Факултетот за дизајн и мултимедија, на отсекот графички дизајн.

„Магистрирав на тема ‘Графичкиот дизајн како алатка во борба против расната дискриминација во Танзанија’. Магистерската ја подготвував додека престојував во Танзанија. Имав среќа да имам одличен ментор, професор доцент м-р Милош Милосављевиќ, кој беше секогаш тука за консултации. Изработив 12 графички дизајнерски решенија – плакати и една брошура кои се дисциплинарна форма на визуелна комуникација во графичкиот дизајн, а кои ќе служат како алатка за борбата против расизмот што владее во Танзанија“, рече Митровиќ по магистрирањето.
