Пејачката Наташа Беквалац, која е во четвртиот месец од бременоста, ги насмеа своите фанови кога „призна“ колку навистина има килограми.
Наташа, што е сосема нормално, се здебели за време на бременоста, па на оригинален начин ја покажа својата килажа.
„Мојот обид од рано утро да ја ‘измамам’ својата прекрасна нутриционистка“, напиша пејачката, која прво го лажираше мерењето и пред себе постави телефон со бројот 56, а потоа ја објави вистинската снимка од вагата која покажа 62.7 килограми.