Под покровителство на Град Скопје во вторник, 26 септември, во 20 часот на плоштад „Мајка Тереза“ ќе се одржи голем концерт на Сара Мејс. Истиот е бесплатен и од отворен карактер и гарантира одлична атмосфера под отворено небо за сите.
– Нашите артистички изразувања се изјава на карактерот и енергијата која ја криеме во себе. Ова важи за сите, за секој кој со љубов го испреплетува секое свое дејствување и чекор. Со желба искрено да го истакнам тоа што мене ме опишува и ме карактеризира заедно со тимот кој работеше на проектот „Floating through space“ се подготвуваме за нешто незаборавно. Сакаме да направиме нешто ново, свежо и специфично и да приредиме забавен концерт од кој никој нема да остане рамнодушен – рече Сара Мејс.
Сара Мејс ќе ja придружуваат Иван Петровски и Неврус Бајрам на гитари, Дејан Митровиќ на бас-гитара, Филип Димишковски на клавијатури, Теа Богатинова и Калина Велковска како вокали, Александар Ванчовски на тапани и Виктор Филиповски на перкусии. Продуцент е Горан Гешовски и албумот се снима во студио „Алшар“.
Концертот на Сара Мејс е бесплатен и од отворен карактер и секој ќе може да помине 1 час во совршена забава и уживање.