Газдата на кафулето „Манда“, Александар Маниќ, вчера на гостите кои дојдоа им делеше сини маички на кој позади пишуваше „БАГРА“. Инспирацијата на Маниќ, за ова, доаѓа по инциндентот кој се случи неодамна пред кафулето кога Љупчо Палевски наместо шлаканица со фарба го обои Бранко Героски, уредникот на „Слободен печат“. По ова Геро јавно кажа дека Палевски е кукавица, а друштвото во „Манда“ било багра.
Со перформанс пред кафулето, Маниќ и гостите се фотографираа со маиците на кои е испишан слоганот „багра’. Всушност ова кафуле во последниве години е свртилиште на новинарите, па тие и ги носеа мичките со епитетот кој им го даде Геро.
Целава работа започна кога Геро пред една недела доби закана за шлаканица на Твитер од Љупчо Палевски, со зборовите „Доста беше за Герица пљуканица; Кога ќе го сретнам ќе лапа шамар, лично, со селфи“. По оваа закана, Героски се обрати на неговиот личен профил дека во12 часот ќе го чека Љупчо Палевски пред скопскиот локал „Манда“.
Наместо шлаканица Геро ги доби боите на шарената револуција. Пред кафулето дојдоа многу луѓе кои беа информирани за закажаниот термин, за да видат што ќе се случи.