И оваа година фан-клубот и Фондацијата „Тоше Проески“ ќе го организираат музичкиот хепенинг „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“ каде што ќе биде промовирана нова песна на прерано починатиот пејач.
Музичкиот хепенинг „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“ ќе се одржи на плоштадот Македонија во Скопје на 5 октомври во 20 часот.
Од фан-клубот велат дека десет години по прераната смрт на Тоше Проески, пламенот кај неговите обожаватели не згаснува. Оваа манифестација се одржува на денот на неговиот последен концерт во Скопје со цел заедно да се присетиме на неговата музика и лик, но и да го создадеме легендарното „Ѕвездено небо“ во негова чест.
На музичкиот хепенинг „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“ првпат фановите ќе промовираат нова песна од Тоше. Песната се вика Light the Flame и ќе означува најава за новиот албум што е снимен во Лондон.
Организаторите ги повикуваат граѓаните да дојдат на 5 октомври на плоштадот Македонија и заедно да му оддадат почит на легендарниот пејач и човек.