Тања Кочовска по 24 години заминува од Театарот за деца и младинци

Актерката Тања Кочовска по 24 години кариера замина од Театарот за деца и младинци. Таа од 1 август стана дел од Македонскиот народен театар (МНТ). Кочовска првпат во 2015 година работеше во МНТ, на мјузиклот „Чикаго“ на покана на режисерката Наташа Поплавска. Иако ѝ било тешко да си замине од Театарот за деца и младонци, сепак, одлуката за тоа паднала откако бугарскиот режисер Александар Морфов лично ја повикал да биде дел од проектот „Животот е прекрасен“, претстава која се играше во МНТ . И нејзиниот сопруг, актерот Предраг Павловски, кои долги години беше актер во Театарот за деца и младинци, замина од таму, и сега е актер во Драмскиот театар.

Scroll to Top