Македонската пејачка Фифи Јаневска ја направи првата пародија на новата песна „Текила и лимон“ на Елена Ристеска.
Таа одлучи да се пошегува и сними креативно видео во кое држи лимон во рака и пее, а сето ова ѝ се допадна на Елена.
Ристеска пред само неколку дена ја претстави својата најнова песна на македонски јазик насловена како „Текила и лимон“ и веќе има над 200.000 прегледи на Јутјуб. Се очекува наскоро истата песна да добие и своја српска верзија во дует со Емина Јаховиќ.