Новата студија спроведена на Хебрејскиот универзитет во Ерусалим е објавена во научното списание „Хјуман репродуктив апдејт“ и во истата е утврдено дека производството на човечката сперма опаднало за 59,3% во периодот од 1973 до 2011 година. Според истото, ова директно води кон пропаст на човечката популација.
Истражувачите откриле дека 59,3 % од постојаниот пад е меѓу луѓето од Северна Америка, Европа, Австралија и Нов Зеланд, кои не биле одбрани врз основа на нивниот статус на плодност. Овие резултати сугерираат на значителен пад кај машкото репродуктивно здравје, кое има сериозно влијание на плодноста и репродукцијата, со оглед на неодамнешните докази кои покажуваат слаб квалитет на спермата со висок ризик од хоспитализација и смрт“, пишува „Sciencedaily.com“.
Причините за падот се поврзани со изложувањето на хемикалии, особено на земјоделските хемикалии, како атразин, кој претставува „хемиски кастратор“ за мажите.
Овие хемикалии предизвикуваат „феминизација“ кај мажите, што доведува до хормонално нарушување и пад на вкупниот број сперматозоиди. Тој пад истражувачите откриле дека се забрзува во западните земји, особено во Соединетите Американски Држави, и може да доведе до колапс на човечката популација.
Хемиската изложеност предизвикува биолошка „феминизација“ кај мажите со уништување на производството на сперма и намалена одржливост.
Иако тоа не било во фокус на ова истражување, истите хемикалии кои го предизвикуваат овој пад во производството на сперма може да влијаат на зголемување на не-машкото родно изразување кај биолошките мажи, што само придонесува за поголем број трансродни операции или стил на живот.
Тој биолошки факт е одлучно одбиен од страна на антинаучните политички левици во Америка, кај кои има „магичен научен“ наратив во кој трансродноста е исклучиво „избор“ и не може да биде предизвикан од хемиски работи.
Сепак, секој биолошки научник и хемичар во светот знае дека хемиската изложеност ја менува биолошката функција кај луѓето. Всушност, самиот процес на родна транзиција од биолошкиот маж во жена вклучува хемиска кастрација со помош на хормоналните терапии, во кои се употребуваат хемикалии како ципротеронот.
Хемикалијата BPA е присутна во пакувана храна и истата го нарушува хормоналниот систем кај луѓето создавајќи естроген. Оние кои инсистираат да изберат промена на полот не ги почитуваат законите на хемијата и генетиката и живеат во заблуда. Експресијата на биолошкиот пол ја одредуваат гените и хемијата (вклучувајќи ја и изложеноста на хемикалии), а желбата и надежта ги одредува лицето.