Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, кој игра во францускиот клуб „Нант“, објави фотографија со сопругата Љубица. Двојката се пофали дека се на заедничко кафе во кафулето „Поп“.
Кире и Љубица се познаваат уште од средношколските денови кога им започнала и љубовната врска. Пред да се решат за брак, тие биле подолго време заедно. Ракометарот секаде изјавувал дека таа е неговата најголема поддршка во кариерата. Од бракот со Љубица има две деца.