Јана Бурчевска, македонската претставничка на годинешнава Евровизија стана мајка. Пејачката роди девојче кое ќе се вика Дона.
Јана на полуфиналната вечер на Евровизија откри дека е бремена, а нејзиното тогашно момче Александар ја побара за жена во живо пред милионската публика.
Веста за породувањето ја објави таткото на Јана на фејсбук, со статус дека станал дедо.