Тијана Дапчевиќ во вчерашното издание на „Твоето лице звучи познато“ го имитира Џастин Тимберлејк. Таа направи вистинско шоу на сцената пеејќи ја песната Can’t Stop the Feeling, а по настапот доби бурни овации и силен аплауз од публиката во студиото. Жирито и овој пат не штедеше пофалби на нејзина сметка, а кога ја прашавме како се чувствувала во улогата на Џастин, Тијана ни рече: „Имам само еден збор – спектакуларно“.
(А.Ј)