Интернет-порталите и социјалните медиуми во Србија деновиве споделуваат фотографија на која се гледаат претседателот Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ во младоста. Двете фотографии се стари повеќе од 20 години, а се сликани во време кога ни едниот ни другиот не биле активно вклучени во политиката.
Во едно од многуте интервјуа Брнабиќ вели дека пред да почне да се занимава со политика живеела во Лондон, каде што била на магистерски студии.
„Во тоа време делев летоци низ Лондон и заработував по пет фунти на час. Кратко време издавав и книги во студентската библиотека и тоа е најздодевната работа што некогаш сум ја работела“, изјавила таа.