Кандис е најсексапилниот ангел на „Викторија сикрет“

Познатата јужноафриканска убавица и манекенка Кандис Свонпул минатиот октомври се оствари во улогата на мајка кога на свет го донесе своето прво дете, синот Анакуа.

Но, на овој ангел на „Викторија сикрет“ не му требаше многу време за да се врати во топ-форма.

Линијата повторно ја доведе до совршенство и слободно може да се каже дека изгледа како никогаш претходно. Таа е самоуверена пред камера и фотообјектив и зрачи со неверојатен сексапил.

Фаталната Кендис блесна во бела долна облека од тантела, а снимката е дело на прочуениот Џером Дуран, објавена денеска, на 29. роденден на славната убавица.

 

Scroll to Top