Поп-пејачот Влатко Лозановски објави фотографија од времето кога бил дете. На фотографијата напишал “Едно ретро сликче“. Поп пејачот ретко кога споделува приватни фотографии, па ова беше вистинско освежување на социјалните мрежи.
Лозано, неодамна го сврте вниманието на јавноста и со новата песна „Ова лето ќе се памти“, но и зарада разделбата со неговата долгогодишна девојка Савка. Иако летово во интервју за „Репортер“ изјави дека ќе се жени со Савка, сепак парот се раздели по седумгодишна врска.