Јохан Тарчуловски: Не бев дома кога Соња падна од терасата

Кандидатот за градоначалник на општината Кисела Вода, Јохан Тарчуловски, вчера во дебатната емисија „Само вистина“ на „Канал 5“ зборуваше за несреќата на неговата сопруга која се случи пред неколку години кога таа падна од терасата.

„Не бев дома кога Соња Тарчуловска падна од терасата. Не е убаво да се ситиме на туѓата несреќа, само за добивање политички поени“, одговори Тарчуловски на прашањето од новинарката дали тој ја турнал сопругата од балкон во населбата Кисела Вода.

Јохан појасни дека сето ова што се слуша во јавноста се лаги и дека тие се пласираат од неговите политички ривали со цел да му наштетат на угледот и на рејтингот што ги има.

 

Scroll to Top