На 29 октомври во Скопје ќе има групно венчавање во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“. Групната венчавка започнува во 12 часот. Свештениците јавно ги повикаа сите православни верници кои од разни причини не се венчани во црква, а се во граѓански брак, во храмот на Пресвета Богородица во Скопје да организираат групно венчавање. Сите што имаат желба, а немале можност да се венчаат во црква, да се пријават лично во самиот храм кај свештениците или на бројот 02 3227-165. Сите брачни двојки ќе добијат по една осветена икона од Пресвета Богородица, а за највозрасниот брачен пар ќе има посебен подарок.