Поранешниот македонски репрезентативец Перо Антиќ кој против Макаби го одигра јубилејниот 100. натпревар во дресот на Црвена ѕвезда изјави дека треба да посетува психијатар поради многуте неспортски грешки.
„Не смеам да го коментирам судењето. Не знам дали казнуваат поради тоа. Како најискусен во овој тим, морам да ги игнорирам таквите работи. Ние треба да продолжиме да ја одиграме нашата игра. Што се однесува до големиот број неспортски грешки кои ги правам, морам да одам на психијатар“, изјави Антиќ запрашан од новинарите да го коментира судењето на средбата со израелскиот тим.
Антиќ на натпреварот постигна седум поени, имаше три скока и два асистенции. Тој беше задоволен од играта на неговите помлади колеги.
Покажуваме карактер. Сите играчи, вклучително и младите покажуваат карактер. Ова е голема победа за нивната самодоверба. И АБА лигата е нашата цел, треба да продолжиме да играме добро, како во Евролигата, додаде Перо Антиќ.