Лекарите тврдат дека откриле докази за еден нов вид на човечко суштество, кое живее меѓу сите нас, и кое има врвна когнитивна способност, исклучиво поради својата вонземјанска ДНК.
Доктор Мери Родвел, хипнотерапевтката и НЛО експертка, вели дека минала години проучувајќи ги „Ѕвездените деца“, раса на хибридни суштества, кои наводно се од вонземјанско потекло.
Според неа постои зголемен број на мали деца кои тврдат дека се вонземјани и тоа независно од контактот со медиумите. Всушност, оваа нова човечка раса поттекнува од вонземјански експерименти, нешто што Родвел може посредно да го просведочи низ регресијска терапија која ја вовела со многу пациенти кои биле киднапирани од страна на вонземјани.
Искуствата кои тие ги поделиле биле доволни докази за да истражувачите веруваат дека новиот вид на луѓе живее меѓу нас.
Според Родвел „Тие се унапредени“. Имаа способност да размислуваат и заклучуваат далеку над просекот. Децата се многу повеќе свесни за мулти-димензионалните искуства. Додека нивните родители се во страв поради искуството кое се изнесува во јавноста од страна на нивните деца, затоа што тие зборуваат за нивните искуства.
Една работа која ги разликува нив, од остатокот на човештвото е поинаквата перцепција на светот. Родвел смета дека одреден број на научни пореметување, вклучувајќи го и Аспергеровиот синдром и ADHD, кои го дијагностицирале кај овие деца, всушност е знак за скриените способности кои изворно произлегуваат од генетската манипулација од страна на технолошката напредна вонземјанска раса.
Ако тоа се докаже како вистина, таканаречената „безвредна ДНК“, во нашиот ген, може да овозможи низа на конгитивни функции кои науката никогаш не ги проучувала. За разлика од минатите децении, денеска имаме многу повеќе информации за тие синдроми.
Но, не можеме многу од тоа да научиме, затоа што немаме докази за тоа, како еден ген може да влијае на другите гени. Општо говорејќи, модерната наука сеуште не го достигнала нивото на кое таа може во целост да ги разбере и објасни суптилните механизми низ кои животот постојано се надоградува.
„Human Genome Project“ кој го создаде професорот Сем Чанг, е еден од првите експерти кои ја промовираат идејата за „безвредната ДНК“ е од вонземјанско потекло.
Според неговите зборови, „Оваа вонземјанска секвенца на ДНК има сопствен систем и е отпорна на одредени лекови“.
Иако еволицијата во голема мера зависи од адаптацијата, на тие процеси им требаат илјадници години за да станат стандард. Факт е дека постои таква голема разлика меѓу две последователни генерации, а единствено објаснување е дека мора да постои надворешен фактор за ваквата манипулација на човечкиот ген.
Тоа што ние сеуште се прашуваме, е дали целото човештво, конечно ќе ја активира таа „виша интелегенција“, кога вонземјаните ќе стигнат. Или само ќе станеме музјески експонант од неандерталците и ќе изумреме со нашиот голем мозок и апетит. И што е најважно, дали ќе тргнеме кон нашиот крај како резултат на нашите желби?