Фудбалерот на ФК Силекс Кратово вчера го прослави 25. роденден. Тој доби бројни честитки од пријателите, но и следбениците на социјалните мрежи. Тие освен што оставаа пораки со добри желби, не штедеа ни пофалби за неговата игра. Одбранбениот играч на Силекс, пак, објави фотографија од роденденската прослава и ја покажа уникатната торта украсена со фотографии од неговите настапи на фудбалските терени.







