Поп-пејачката Антониа Гиговска на својот фејсбук-профил сподели домашно аматерско видео на кое ја пее „Молитва“, песната со која Марија Шерифовиќ победи на Евровизија во Хелсинки, 2007 година.
Видеото е снимено 2013 година, пред учеството на Гиговска во музичкото шоу „Пинкови ѕвездички“ кое ѝ донесе популарност на овие простори.
Погледнете го видеото и слушнете како звучи „Молитва“ во изведба на тогаш 12-годишната Антониа.