Министерот Тевдовски трчаше полумаратон во Велес

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, денеска трчаше полумаратон во Велес. Друштво му правеше неговиот советник, Бранимир Јовановиќ, кој постави фотографии на својот фејсбук-профил и напиша: „Денеска го истрчав првиот полумаратон. Да знаете дека чувството е супер.“

Ова, пак, не е прв полумаратон на министерот Тевдовски. Тој неодамна ја трчаше и трката на 5 километри во Скопје, а кон крајот на летото учествуваше и на планинската трка во Прилеп.

Scroll to Top