На фејсбук-страната на Премиерот Зоран Заев беше објавено дека Владата преку проект обезбедила 150.000 евра за реставрација на гробното место на Тоше Проески.
„Ова е најмалку што можеме ние како држава да направиме за човекот кој беше музички амбасадор на Македонија низ светот. Со дополнителни средства ќе обезбедиме ФИС Ролер ски клуб „Тоше Проески“ да прерасне во традиција и обележје на Крушево“, стои под објавата.