Перо Пандилоски со нова песна и видеоспот

Пејачот Перо Пандилоски го промовира видеоспотот за новата песна „Девојка за секое време“.

Автор на песната е Јован Василески (музика и текст), а аранжманот го направи Гоце Симоноски.
Видеото е снимено на повеќе локации во Охрид, Свети Наум и Маврово во продукција на „Прокам продукција“.
„Навистина направивме интересно видео. Се надевам дека публиката ќе ја прифати песната. Ова е моја десетта песна и би сакал во блиска иднина да го издадам и мојот прв албум, кој ќе биде како еден потпис на моето досегашно работење“, вели Пандилоски.

Scroll to Top