Македонската пејачка, водителка и писателка Сузана Турунџиева, се почесто објавува интересни статуси на својот Фејсбук профил. Овој пат таа вели: Луѓето ги делам исклучиво на 2 типа- првите, кои (без оглед на се што им се случува) кога ќе ги прашаш како си, секогаш велат ‘супер сум’ и на оние вторите, кои (колку и да им е супер) секогаш изнаоѓаат причини за да се жалат, кукаат и некого да обвинуваат“.
Турунџиева покрај промоцијата на своите книги, во слободно време слика, а од неодамна се врати на градскиот живот и настапува во локалите со своите безвременски хитови.