На концертот на балканската музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ, вчеравечер во салата „Борис Трајковски“ во Скопје се случи мала незгода на сцената. Додека се свиреа најголемите хитови на српскиот пејач и композитор, во еден момент еден од неговите музичари од тимот, веројатно му се слоши. Жељко Јоксимовиќ како вистински професионалец направи се, ваквиот момент да остане незабележан од публиката.
Организаторите на концертот, велат дека музичарот од бендот го отсвирел професионално докрај концертот, и дека се поминало во најдобар ред, и покрај малата незгода на сцената. Веројатно премор и исцрпеност,но сепак тој до крај го отсвирел концертот.
И покрај оваа случка, концертот се истера докрај, онака како што очекуваше публиката. Сите хитови на Јоксимовиќ, се пееа во еден глас.
„Ова е ноќ за паметење“, беа коментарите во публиката.