Конечно, ќе може на појадок кај Тифани

Појадокот кај Тифани сега стана реалност кога позната американска продавница за накит го отвори својот прв ресторан, кој ќе биде сместен на Петтата авенија во Њујорк. Ресторанот ќе се вика „Блу бокс кафе“.Ќе биде препознатлив по нежно сините нијанси на Тифани, со елементи на сиви и сребрени бои и раскошни детали.Тифани ќе нуди американска класика со најквалитетни регионални состојки, а понудата ќе се приспособи на годишната доба.

Посетителите ќе може да нарачаат кафе и кроасан за цена од 29 долари.

Станува збор за прочуениот роман на Труман Капотеа, кој говори за младата провинцијалка Холи Голајтли, која се обидува да го пронајде своето место во високото друштво во Њујорк.

По романот во 1961 година, снимен е и истоимениот филм, во кој главната улога ја игра Одри Хепберн.

 

Scroll to Top