(Фото) Бујар Османи сака телефон како на Коѕијас

Вицепремиерот задолжен за европски интеграции на Македонија, Бујар Османи, објави на „Твитер“ дека сака нов модерен паметен телефон како на својот грчки колега Коѕијас.

Османи вели дека таков телефон му е потребен за да не ги внесува белешките од нивната следна средба во обичен нотес. На тој начин, според Османи, ќе сме ги придвижеле европските вредности и стандарди.

Ваквиот потег на Османи од неколкумина беше проследен со потсмев, а кај некои предизвика негативни коментари.

 

 

 

Scroll to Top