Американците бараат „Русија денес“ и „Спутник“ да се прогласат за странски агенти

„Меѓу движењата на казнениот прогон и уписите се одлучивме за второто. Ја поздравуваме слободата на говор на американски начин и сите што веруваат во неа“, напиша на својот „Твитер“ уредничката на „Русија денес“, Маргарита Симонија.

Потпретседателот на руската државна Дума, Петар Толстој, изјави дека претставниците на четири парламентарни фракции во САД се договориле за измени и дополнувања на законот, кој овозможува странски медиуми да се запишуваат како странски агенти, пренесуваат светските медиуми.

„Медиумите регистрирани на територијата на втората држава или оние што добиваат пари или други средства на странски државни институции или компании или руски компании со странско финансирање може да се сметаат за странски агенти, без оглед на нивната организација и правна форма“, истакна Толстој.

Тој објасни дека Министерството за правда одлучува за тоа кои медиуми ќе потпаднат под статусот на странски агенти.

Толстој објасни дека таквите медиуми, кои се странски агенти, предлагаат да воведат обврска за означување на своите категории како референт на одредбата кон законот за невладини организации.

„Ако медиумот е препознаен како агент, тогаш тој ќе работи на ист начин како што работат и странските агенти од невладините организации“, нагласи Толстој.

„Работната група го подготви дополнението, а текстот е усогласен. Донесовме одлука на Советот на државната Дума овој амандман да биде разгледан деновите. И во согласност на тоа овој документ ќе биде упатен до Советот на Федерацијата“, изјави Толстој.

Руската телевизија објави дека ќе го почитува таканаречениот закон на FARA (Foreign agents registgration act), Акт за регистрација на странски агент, по кој секоја компанија што застапува некоја странска земја или организација ќе мора редовно да ги известува американските власти и врски со таа држава или во спротивно ќе им биде замрзнат имотот.

Како што наведува „Русија денес“, овие барања можеби подоцна ќе бидат оспорени на суд, а американското Министерство за правосудство му одредил рок до понеделникот да ги исполни.

Министерството за правда на САД службено на 13 ноември ја регистирал компанијата T&R Productions, која ја услужува „РТ Америка“ како странски агент.

Рускиот претседател Владимир Путин ги нарече овие барања на Вашингтон напад на слободата на говорот, кој со себе ќе повлече и сличен одговор од страна на Москва.

Видете што му рече рускиот олигарх Олег Дерипаска на новинарот на Си-ен-ен на неодамнешниот самит на APEC:

(sputniknews.com)

Scroll to Top