Земјата ќе стане минато ако не преземеме ништо

15.364 научници од разни краеви на светот со својот потпис на писмото ги поддржаа 1700-те свои колеги за да укажат на предупредувањето за еколошка опасност која му се заканува на човештвото. Ова е веќе второ писмо на загрижени научници.

Проблемите во меѓувреме се зголемуваат.

Ни се заканува исчезнување на ограничените природни извори поради забрзаниот пораст на бројот на жители, нешто против кое никој не се бори доволно, пишува во писмото.

Затоа ако не се реагира, наскоро нè чека катастрофален губиток на биодиверзитети и ужасна беда.

Озонската дупка се намалува откако е напишано првото писмо, пред 2,5 децении, и тоа е единственото што се подобрило.

Укинати се хемикалиите кои го уништуваат озонот, а зголемено се користи енергијата генерирана од обновливите извори, но тоа не е доволно затоа што поинаквото однесување на луѓето може да нанесе многу поголема штета на планетата.

Плитката вода по глава на жител е помала за 26%, а бројот на „мртвите зони“ во океаните, во кои ретко може нешто да преживее поради загадувањето и недостигот на кислород, е зголемен за 75%, или поинаку кажано тоа претставува по 120 милиони хектари шума која е изгубена.

Глобалните емисии на штетни гасови и просечната температура постојано и значително растат. Човечката популација е порасната за 35%, додека вкупниот број цицачи, рептили, водоземци, птици и риби во светот паднал за 29%.

„Наскоро ќе биде предоцна да свртиме од нашето патување кое во секој можен поглед паѓа во бездна, а штетата значително расте. Мораме да сфатиме дека Земјата и нејзиниот живот е единствениот наш дом“, стои во писмото, а пренесува „Индипендент“.

Допрва ни претстојат катастрофални климатски промени, уништување на шумата, масовно изумирање на дивиот свет, мртви зони во океаните и недостиг на плитка вода за пиење.

Ова стои во писмото кое го поддржале 15.364 научници од 184 земји, а кои користеле податоци од владини агенции, непрофитни организации и индивидуални истражувања.

 

 

Scroll to Top