Познатиот шминкер Александар Дадар ја нашминка сопругата на премиерот Зоран Заев. Дека се погрижил да ја разубави Зорица Заева, тој се пофалил на својот фејсбук профил, но фотографијата е и на нејзиниот профил.
Фотографијата предизвика големо внимание на социјалните мрежи, а впечаток оставија многуте лајкови и позитивни коментари и за Заева и за Дадар. Но и познатиот шминкер доби исто така комплименти дека и ја погодил шминката на Заева.
Александар Билјановски Дадар е еден од нашите најпознати шминкери, и освен што ги шминка познатите јавни фаци, во неговото студио покрај Заева често пати доаѓа и специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи.