Зорица Заева: Ја прифатив поканата без двоумење

Сопругата на премиерот Зоран Заев, Зорица, за „Репортер“ ни откри дека воопшто не се двоумела дали да ја прифати поканата за настапот на модната ревија во Струмица. Вели дека кога ја добила поканата, од здружението „Вера“, веднаш знаела дека ќе биде дел од овој настан, кој е организиран за децата со ретки болести.

„Поканта за модната ревија се случи на еден настан кој беше организиран во Струмица за лицата со посебни потреби. На самиот настан на кој присуствував ме покани Анче Туфекчиева за да учествувам и така се нафатив, секако без двоумење“, раскажува Заева за „Репортер“.

Модната ревија ќе започне во 16 часот и годинава е под мотото „Убави сме, свои сме“.

Моделите ќе носат облека од бутици во Струмица, а музика ќе пушта диџеј Цако, односно Александар Матковски. Влезот е 50 денари, а собраните средства се наменети за здружението за помош и поддршка на лицата со Даунов синдром, „Вера“ од Струмица“.

(А.Г.)

 

Scroll to Top