Земјите од БРИКС ги исфрлаат банките на Ротшилд

Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка (БРИКС) ја разгледуваат можноста за основање посебен трговски систем за злато. Ова го најави заменик-претседателот на Средишната банка на Русија, Сергел Шветсов.

„Традиционалниот ‘трговски’ систем е со седиште во Лондон, а делот кој се наоѓа во швајцарските градови станува сè помалку релевантен со доаѓањето на новите трговски средишта пред сè во Индија, Кина и Јужна Африка“, изјави Шветсов додавајќи дека на состанокот со земјите од БРИКС се расправало и за можноста за воспоставување единствен (систем) на трговија со злато внатре во БРИКС, и на ниво на билатерални контакти.

Земјите на Брикс имаат значајни резерви на злато и импресивен волумен на производство и потрошувачка на благородни метали, изјави официјален претставник од БРИКС.

Средишната банка на Русија веќе потпиша меморандум за развој на билатералната трговија со злато со Кина. Регулаторот планира да формира единствен систем на промет со Народна република Кина во 2018 година.

„Претпоставуваме дека треба да се воспостави трговска врска на подрачјето со злато. Работата е во тоа  купувачите на злато да одлучат за местото на купување“, изјави Шветсов додавајќи дека трговските врски им овозможуваат на учесниците на пазарот да вршат трговија на меѓународните берзи преку централните и други договорени страни.

Минатата година Средишната банка на Русија и Народната банка на Кина објавија планови за создавање платформа која ќе ја обедини трговијата со злато од страна на двете земји кои се најголемиот купувач на злато.

Според податоците на Светскиот совет за злато, Русија е најголемиот службен купувач на злато и трет најголем производител во светот, а со Средишната банка го откупува златото од домашните рудари преку деловните банки.

Русија и повеќе од двојно го зголеми темпото на купување злато во изминатата деценија, додавајќи повеќе од 1250 тони во своите златни резерви.

 

 

 

 

Scroll to Top