Полицијата го приведе Бетмен Велит

Во полициската акција утрово, според неофицијални информации, уапсени се 15 лица за поврзаност со настаните од 27 април, кога беа нападнaти пратениците од парламентарното мнозинство во македонското Собрание.

Полицијата го привела Богдан Илиески, познат како Бетмен Велит, кој во моментов е на распит во Основниот суд Скопје 1. Во акцијата утрово, неофицијално, уапсени се и актерот Владо Јовановски и оперскиот пејач Игор Дурловски, кои насилно влегоа во Собранието на 27 април.

Во акцијата покрај Митко Чавков, уапсени се и Горан Ангелов – Ќосето од Велес, пратеничката Жаклина Стефановска, пратеникот Крсто Мукоски, поранешниот директор на ФЗОМ, Саше Стефановски, пратеникот Љубен Арнаудов и други.

Обвинети се за терористичко здружување за уништување на уставниот поредок. Mинимална казна затвор е 10 години

 

Scroll to Top