Седум брода во Првата светска војна се потонати во Охридското Езеро. Нивните остатоци се наоѓаат на дното на езерото во близина на Струга. Потонатите бродови ги истражува и докуметира центарот за нуркање „Акватек“. Даниел Атанасовски од центарот за МИА рекол дека бродовите досега не се доволно документирани.
„Познати се доста информации поврзани со овие бродови, како нивниот производител и тоа дека биле користени за транспортирање голем товар“, рекол Атанасовски.
Бродовите се наоѓаат на 1.000 метри од крајбрежјето покрај Струга, на длабочина меѓу шест и седум метри. Конечниот број на бродовите треба да се потврди, а се смета дека се седум, односно два главни брода и неколку помошни. Тимот на „Акватек“ има цел да ги документира бродовите со сите детали во соработка со Никола Паскали, подводен археолог кој бил дел од првите експедиции на овој локалитет.