По три месеци откако се породи, водителка Милена Антовска се појави пред камерите во отворената програма на „Канал 5“ телевизија и кажа дека ѝ го сменила името на својата ќерка. Па така сега, тримесечното бебе веќе не е само Лана туку и Марија.
„Со Гордан, сопругот, решивме да го смениме името на ќерката, односно на првото име Лана, кое беше идеја на сопругот, да го додадеме и името Марија бидејќи се роди на Богородица“, рече Милена, која беше гостинка во студиото. Таа пред камерите зборуваше за тоа како се чувствува како мајка и колку мајчинството ја променило и неа и нејзиниот сопруг.