Процентот на муслиманско население во Германија би можел до 2050 година да се удвои. Ова произлегува од студијата на институтот Pew, објавена во Берлин.
И без регуларна миграција, процентот во Германија од сегашните 5,5 проценти би можел да се зголеми на 9 проценти, проценуваат од Институтот.
„Во Германија, ако се земе предвид регуларната миграција без бегалските бранови, во 2050 година уделот на муслиманско население би можел да изнесува 11 проценти, што е речиси двојно повеќе отколку денес“, произлегува од студиите на американскиот институт.
И без регуларна миграција уделот од сегашните 5,5 проценти би можел да се зголеми на 9 проценти
Причината за тоа е фактот што граѓаните со муслиманска вероисповед во просек се помлади од остатокот на населението и дека муслиманските жени во просек раѓаат повеќе деца (1,9) од остатокот на женската популација (1,4 деца по жена).
Според студијата, во која се анализирани податоците од земјите-членки на Европската Унија, Норвешка и Швајцарија се земји со највисок процент на муслиманско население во ЕУ. Франција е со 8,8 проценти, потоа следува Шведска со 8,1 % па Велика Британија со 6,3%.
Студијата покажува и дека повеќето Германци доаѓањето на поголемиот број имигранти од Сирија и Ирак не го доживуваат како „сериозна закана“ за разлика од испитаниците во Полска, Унгарија, Италија и Грција.
Во Полска, во која отпорот на јавноста кон муслиманските иселеници е многу изразен, живеат 0,1 процент муслимани.
Муслиманската популација во Велика Британија би можела да се удвои во последните 20 години, според проекциите од Pew Research Centar. Тоа значи дека бројот на муслимани во Велика Британија ќе порасне на 4,1 милиони во 2016 на 13 милиони во 2050 година.