„Ал Апарел“ ја претстави колекцијата есен-зима 2017

Модното студио „Ал Апарел“ на Наташа Карчева ја претстави новата колекција есен-зима 2017 година. Колекцијата го носи името A Beautiful Soul и е составена од 19 креации, изработени од свила, мек жоржет, француски тул, тантела.

„Инспирацијата, како и секогаш ја пронајдов некаде длабоко во душата, во убавината на она што е скриено длабоко во нас, а воодушевува и зрачи со посебна убавина однадвор. Повторно се обидов да го избегнам стереотипот на венчални фустани кои суптилно го отсликуваат женското тело. Колекцијата е наменета за похрабрите жени кои знаат да го носат тоа што го носат и имаат изострен вкус“, вели Карчева за „Репортер“.

Креациите на Карчева ги носи моделот Ивана Гелева, а фотографиите ги направи Александар Велов.

(А.Ј) 

Scroll to Top