Кошаркарката Едина Муса е 12-та во светот со најубаво фитнес-тело

Познатата кошаркарка Едина Муса,која е и познат персонален фитнес-тренер, го освои 12. место на Светското фитнес-првенство во Франција. Годинава Светското првенство во фитнес (2017 IFBB WORLD FITNESS CHAMPIONSHIPS) се одржува од 1 до 4 декември во Бијаритс, Франција, а Едина беше претставник од Македонија.

Во Франција ја придружува менаџерот Никола Боглев

За овој натпревар таа се спремаше цела година. Во Франција ја придружува менаџерот Никола Боглев, кој воедно е единствен делегат од Македонија.

Едина Муса е ќерка на Амди Муса, тренер по кошарка на младинскиот тим „Водњански лисици“ од Скопје.

Scroll to Top