Германија им нуди 3.000 евра на азилантите ако решат да се вратат дома пред март

Германското Министерство за внатрешни работи им понуди на одбиените баратели на азил доброволно да се вратат во својата земја, земјата од каде што потекнуваат, а не преку патот на целосна депортација.

Ова е нов обид да му се сврти грбот на бегалскиот бран, кој ги доведе Ангела Меркел и нејзината политика на отворени врати.

Понудата е наменета како дополнување на постојната програма со име StarhiflePlus, која им овозможува помош на оние мигранти што ќе се одлучат доброволно да се вратат дома.

Според шемата, ако секој учесник, кој е повеќе од 12 години во земјата, го повлече барањето за азил, ќе добие 1.200 евра надомест. Повеќето одбиени азиланти, кои ќе се одречат од правото на жалба на одлуката на судот, може да добијат 800 евра, а децата помлади од 12 години ќе добијат половина од износот.

Новата програма со име „Твоја земја. Твоја иднина. Сега!“ ветува значителна обемна исплата за оние што ќе се одлучат доброволно да се вратат. Семејствата ќе имаат право на 3.000 евра, а поединците до 1.000 евра исплата под програмата StarhilfePlus.

Новата понуда, сепак, е временски ограничена и ќе трае само до крајот на февруари 2018 година, изјави германскиот министер за внатрешни работи, Томас де Маизиер, искористувајќи го интервјуто во весникот „Билд ам Сонтаг“ со цел да ја промовира својата нова програма.

„Постојат можности во вашата татковина. Ние ќе ги поддржиме. Вашата реинтеграција, изјави Маизиер, обраќајќи им се исклучиво на имигрантите.

„Кога доброволно ќе одлучите да се вратите до крајот на февруари во своите домови, освен добивањето помош, можете привремено да добиете и станбена помош за првите 12 месеци во својата татковина“.

Нов бран азиланти пристигнува додека Германија сѐ уште се бори со последиците од политиката на отворени врати на Ангела Меркел, политика што на бегалците и на имигрантите им овозможи да пристигнат како поплава од Блискиот Исток и Северна Африка. Од 2015 година повеќе од милион луѓе стигнаа во Германија, а многумина престојуваат илегално затоа што депортацијата тешко се спроведува.

На повеќе од 300.000 азиланти им се одбиени барањата за азил во Германија минатата година во однос на 80.000 во 2016 година. Владата сега го има ограничено бројот на имигрантите што влегуваат во Германија – на 200.000, но властите веројатно ќе останат затрупани од пријавите уште неколку години, според интернет-документите што излегоа во медиумите во ноември.

Фрустрираноста од непогрешливата миграциска политика има цена, а сега партијата на Ангела Меркел изгуби голем дел од својата популарност. Коалицијата на партиите ЦДУ и ЦСУ потона на најниско ниво од кога било претходно на парламентарните избори во септември. Од друга страна, првпат на антиимигрантската Алтернатива за Германија (АФД) ѝ скокна популарноста во парламентот.

Програмата StarhilfePlus е иницирана во февруари и таа беше критикувана од страна на многу доброволни и пробегалски организации како тап обид на државата се ослободи од непосакуваните азиланти.

„Владата се обидува да ги заведе луѓето да се одречат од правата на најгруб начин“, изјави директорот Гинтер Брухарт за германската агенција ДПА во неделата, а пренесува „Дојче веле“.

Иако новата програма се чини прилично великодушна, нема сомнение дека судските жалби и процесите за депортација се многу скапи. Имигрантите обично трошат значително повеќе да стигнат до Европа отколку што ќе добијат за да се вратат назад, пишува „Раша тудеј“.

Патот на илегални имигранти во Европа чини повеќе од 7.000 евра во просек според истражувањето направено од страна на Сојузната канцеларија за миграција и белгаци.

 

 

Scroll to Top