Пејачката Сека Алексиќ (36) и нејзиниот сопруг Вељко Пиљикиќ објавија дека во Новата Година поскауваат уште едно дете. Сека за медиумите кажала дека на својот 1-годишен син Јаков сака да му подарат брат или сестра, а открила и дека запошнала ушет еден процес на вештачко оплодување. Пејачката апелираше и до сите жени што имаат проблем со забременување да се одлучат на таа постапка.
„Апелирам до сите жени што имаат слични проблеми да се одлучат за вештачко оплодување. Најважно е да не губат време, затоа што за таа постапка многу се важни годините. Значи, драги мои, не чекајте, не размислувајте, не плашете се! Апсолутно е безболно, хормоните што им ги даваат на жените се минимална и не влијаат врз килограмите.“