Јована и Жељко Јоксимовиќ на прва прошетка со близначките

Откако ги доби близначките, а потоа одржа и два успешни концерта во „Сава центарот“, Жељко Јоксимовиќ ги израдува своите фанови со една семејна фотографија која разнежи многумина.

Бидејќи тој и Јована Јоксимовиќ пред два месеца ги добија ќеркичките Ана и Срна, а малиот Коста има три години, јасно е дека гордите родители најмногу уживаат во моментите што ги минуваат со децата.

„Првата прошетка. Радост, Среќа“, напиша Жељко на фотографијата на која Јована и малиот Коста ја туркаат количката во која се близначките.

Фотографијата на многумина им измами насмевки на лицето, а некои дури и пуштија солзи, додека повеќето коментари беа насочени кон прекрасното семејство.

 

 

 

Scroll to Top