Се замислуваат ѕвезди, а пеат туѓа музика

Фолк-пејачката Елена Велевска заедно со својот колега Благоја Грујовски деновиве снимаа емисија за новогодишната ноќ. Расположени за дружба, фолк-пејачите објавија фотографии од амбиентот од снимањето. Но, освен заедничкото снимање, Елена и Благоја ги врзува и истиот став кон македонската музика, односно, вели Елана, таа и Благоја се најголемите поддржувачи изведувачите да настапуваат со авторски песни.

„ Јас и Благоја секогаш сме да се пеат авторски песни. За жал, некои пејачи, кога им се дава медиумски простор, тоа го користат не за пеење своја, туку српска музика, па после Србите ни се виновни што имале хитови, а ние не“, вели Велевска.

И додава дека Благоја е претседател на Здружението на музичката естрада и тој најмногу се бори за зачувување на авторските песни.

„Сега дојде време – кој ќе плати, тој да може да излезе на телевизија со нечија песна, а не со своја, и да си се замислува дека е ѕвезда. А работата е да се пеат авторски песни“, додава Велевска.

 

 

Scroll to Top