Иван Босиљчиќ: „Бабите на Јелена не ме сакаа“

Српскиот актер Иван Босиљчиќ неодамна гостуваше во едно телевизиско шоу во Белград, па меѓу другите работи, раскажуваше и за бракот со пејачката Јелена Томашевиќ. Тој се присети на анегдота од почетокот на нивната врска кога ги запознал нејзините две баби.

„Кога Јелена и јас почнавме да се забавуваме, нејзините баби Боса и Ружа седнале да разговараат за мене. Баба Боса коментирала: ‘Сериозно момче, изгледа дека е вистинскиот, само не му чини професијата’. На тоа се надоврзала баба Ружа: ‘Молчи сваќе, замисли да беше гинеколог’!“

Актерот признал дека бабите, сепак, го прифатиле и засакале, исто како и тој нив.

Scroll to Top