Во дискотека во Кочани минатиот викенд настапуваше српската поп-рок група „Амадеус бенд“. За време на настапот, според кажувања на присутните во клубот, но и членовите од бендот, момче понесено од песните пред сите си ги пресекло вените.
Неколкупати момчето доаѓало кај бендот да бара да му ја отсвират песната „Моја земља“. Кога од бендот почнале да ја свират песната, фанот извадил нож и почнел да ги сече вените на рацете.
„Точно така. Неколкупати ми пријде едно момче за време на настапот и бараше повторно да ја отсвириме ‘Моја земја’. Кога го направивме тоа, наеднаш извлече нож и си ги пресече вените. Бевме шокирани. Келнерот што беше покрај него бргу го изнесе надвор, а брзата помош веднаш го однесе во болница. За среќа, го спасија и сè заврши добро“, изјавил Александар Стамировиќ за српските медиуми. Шокирани членовите на „Амадеус бенд“ не можеле да поверуваат дека вакво нешто им се случува.
Вознемирен, Стамировиќ рекол: „Би ја искористил можноста да им укажам на сите што нè почитуваат дека ова не е начин да се сака музиката и дека е апсолутно непоимливо да се повредуваат себеси. Музиката е тука да го направи животот поубав“.